МЗШВ: Се оградуваме од случајот со Трипуновски, тој да се воздржи од вакви дејствија

од Aleksandar Petrovski
284 прегледи

По реакциите во јавноста за упадот на дополнителниот – заменикминистер од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Подрачната Единица Берово и снимањето на вработените со што беше нарушена нивната приватност и личниподатоци, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се оградува од постапките на истиот.

„Овие постапки не се пракса на функционирањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,туку се личен акт на Трипуновски со кој не се согласуваме и остро го осудуваме.

Министерството заземјоделство шумарство и водостопанство е институција која во изминатиот период работешена професионализација на својата администрација и хармонизација на односите помеѓу вработените, се со цел создавање на поволна клима за професионален однос, меѓусебна соработка на сите вработени а со тоа и давање на квалитетни услуги за земјоделците и целиот агро – сектор.

Апелираме дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се врши директно нарушување на имиџот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, велат од МЗШВ.

Слични содржини