Најбогатата Босанка наследила милиони од својот сопруг, па нашла 16 години помлад маж

од Radmila Tasevska
278 прегледи

Најбогатата, а многумина велат и една од најубавите Босанки е Санела Џенкинс. Пред три децении таа замина во Велика Британија како бегалец од Босна и Херцеговина. Студиите за економија и компјутерски науки ги завршила во Лондон. На универзитетот го запознала својот иден сопруг, предавачот Роџер Џенкинс, 14 години постар од неа. Тие се венчаа во 1999 година во Лондон и добија две деца.

За време на студиите, Санела основала компанија за производство на костими за капење. Со текот на времето, таа создала голем број успешни компании и честопати го користела капиталот што така стекнал во филантропски цели. Таа е најпозната на западната јавност по објавувањето на Room 23 во 2009 година, книга со фотографии направени од Дебора Андерсон, која содржи портрети на многу светски ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanela Diana Jenkins (@sdjneuro)

„Можеме да се преселиме до крајот на светот, како што направив јас, но не можеме да побегнеме од себе. Културата и ликовите се длабоко вградени во нас и не можат да се променат со нова адреса на живеење. Моите деца се многу приврзани за Сараево и за целата земја, како постојано да растат во Босна и Херцеговина. Го зборуваат чистиот босански јазик, таму имаат многу блиски пријатели“, вели Санела, која со децата по разводот се преселила во Лос Анџелес.

Таа еднаш зборуваше за тоа како се прилагодила на животот во Лондон.

„Богатите жени од Лондон отсекогаш ме гледале како невеста по нарачка од Источна Европа. За жал, сфатив, дружејќи се со ’социјални девојки‘, ако имаш голем дијамантски прстен, тие ќе разговараат со тебе, па добив дијамантски прстен. Ми го купи мојот драг сопруг кој беше повреден од начинот на кој ме гледаа со презир“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanela Diana Jenkins (@sdjneuro)

Нејзиниот сопруг бил банкар кој за само една година заработил 75 милиони фунти и направил профитабилни зделки за банката „Барклис“ за која работел, а бидејќи ја извлекол од кризата бил награден со 30 милиони долари. Во брак беа 10 години, а Санела од се побогата за 150 милиони долари, приближно половина од богатството на нејзиниот сопруг, проценето на 380 милиони евра. Поранешните сопружници се сместија во процес кој британските медиуми го нарекоа најсреќен развод на сите времиња. По три години разделба Санела и Роџер се разведоа мирно и во пријателска атмосфера, пишува Тпортал.

Среќата потоа ја нашла во прегратките на Ашер Монро, со кого го добила своето трето дете во 2020 година на 46-годишна возраст. Тој е помлад од неа 16 години, а разликата во години меѓу него и нејзиниот син е девет години.

 

„За жената е многу важно да биде со маж кој ја разбира нејзината природа. Мојот прв сопруг беше Англичанец, сега сум со Американец затоа што не се плашат од силна жена. Тоа не им пречи, тоа им е нормално‘“, открила Санела за магазинот ИН.

По разводот Санела продолжила да се занимава со претприемништво и хуманитарна работа. Се дружи со светски фаци како Шон Пен, Елтон Џон и Синди Крафорд. Таа беше дел од серијата Real Housewives of Beverly Hills. Таа се најде на листата на 500 најбогати луѓе во Велика Британија.

Слични содржини