Hyundai потврди дека наскоро ќе ја претстави шестата генерација на моделот Verna кој најпрво ќе стане достапен во Индија, но подоцна ќе се појави и на други пазари.
Станува збор за седан со помодерен изглед и технологија во однос на претходникот, кој инаку беше познат како Accent во Северна Америка.
Сликите на тизерот откриваат дека новата Verna ќе позајми мали стилски знаци од поголемите модели, користејќи го дизајнерскиот јазик „Sensuous Sportiness“.
Засега нема слики од внатрешноста, но индиските медиуми пренесуваат дека новата Verna ќе има дигитална инструмент табла во комбинација со голем екран на допир, заедно со вентилирани предни седишта, сончев покрив, автоматска контрола на климата и бројни системи за помош на возачот.
Од Hyundai наведуваат дека новата Verna ќе биде достапна само со бензински мотори, што овде значи атмосферскиот 1,5-литарски MPi со 115 КС и 1,5-литарскиот T-GDi турбо со 160 КС. И двете доаѓаат со шест-брзински мануелен менувач како стандард, но интелигентен променлив автоматски менувач (IVT) за 1,5 MPi и седумстепен DCT автоматски за 1,5 T-GDi ќе бидат понудени како опции.
Hyundai веќе започна со резервации за новата Verna во Индија, а официјалното лансирање на пазарот се очекува во април или мај 2023 година, кога Verna ќе се натпреварува со Volkswagen Virtus, Skoda Slavia, Honda City и Suzuki Ciaz.