Најавена РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА во три министерства: Вистинска реформа или палијативно решение?

од Mimi Spasovska
733 прегледи

Министерствата и Владата да излезат со анализа за реформата на јавниот сектор, а одлуките за решенијата да бидат донесени на стручно, а не на политичко ниво, се дел од барањата на стручната јавност, еден ден по најавите на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, за реорганизација на администрацијата во три министерства.

По вчерашната расправа во МИОА, критиките се дека недостасувале материјали или пишани предлози за импликациите од реорганизацијата во однос на подобрување на услугите кон граѓаните.

„Тие предлагаат укинување на определени институции, но прашање е кој ќе ги преземе тие функции и како таа имплементација ќе ја подобри нивната работа“, вели Неда Малеска-Сачмароска од Центар за управување со промени (ЦУП) за „Локално“.

Неда Малеска-Сачмароска

Неда Малеска-Сачмароска

„Процесот не беше инклузивен, првпат не викаат на готови решенија за кои не сме слушнале дека биле во процес на консулатција. Тешко им е да оценат дали навистина овој процес ќе може да се спроведе како што МИОА го најавува. За предложенените решенија, Минситерствата треба да излезат со документ кој може да се разгледа од јавноста, институциите и граѓанскиот сектор, и во тој документ да има образложение за предложените реформи заедно со некаква проценка на импликациите. Што ќе значи ваквата реорганизација во однос на подобрените услуги за граѓаните, бидејки тие предлагаат укинување на определени институции. Кој ќе ги преземе тие функции, како тоа ќе ја подобри имплементацијата“, прашува Малеска-Сачмароска.

Сепак, таа се надева дека вчерашната расправа за реформата на адмнистрцијата што ја организираше МИОА е почеток на дебата и оти таа ќе продолжи.

Професорот на Павниот факултет од Скопје, Борче Давитковски, вели дека предлозите на министерот воопшто не се реформа.

Борче Давитковски

Борче Давитковски

– Тоа е само палијативно решение, тоа е само пуста желба да се прикаже дека се прави реформа. Не може вие да правите реформа ако споите неколку инспекторати или органи, како што беше кажано, и дека директорите ќе изгубеле работа, а вработените партиските лепачи на плакати да останат, тие кои ништо не работат. Тоа е чисто замачкувње очи, смета професорот.

Според него, вистинска реформа се прави на друг начин.

– Треба стратегија со акциски план и да се каже каде има превработеност кои органи треба да се спојат, но во глобала, а не на вака со пилот решенија за три министерства. По 30 години правиме игри, а јавната администрација дојде до бројка до 200 илјади, и со до 300 илајди со договор на дела. Тоа е само играње и шминка, нема политичка волја за реформа, џабе е се, ако има вистинска волја треба да се седне и да се прави реформа, ако не вака се додека има пари ќе даваме, вели Давитковски.

Инаку на вчерашниот состанок во МИОА на кој беше најавена реорганзицијата, како пилот-проекти беа земени предвид три сектори – економија, земјоделство и информатичкото општество и администрација. Една од точките за дискусијата во делот на земјоделие била дали Агенцијата за Храна и Ветеринарство која ја контролира безбедноста на храната треба да остане како независна институција или да премине во рамки на Министерството за Земјоделство.

Слободан Чокревски, кој беше поранешен директор на Управата за ветеринарство, вели дека предлогот АХВ да се интегрира во Министерството за земјоделство нема да ја подобри ефикасноста.

Слободан Чокревски

Слободан Чокревски

„Во Европа над 80 посто од Агенциите се назависини и се надвор од минстерствата. Идејата на ЕУ е да  се одвои Агенцијата од Министерството за Земјоделство кое ги застапува интересите на производителите, а АХВ ги штити интересите на потрошувачите. Поради ова во најголем дел од земјите во Европа агенциите се издвоени. Така е во ЕУ,  нашата Агенцијата за Храна и Ветеринарство  е направена со помош и асистенција на ЕУ токму од овие причини“,вели Чокревски за „Локално“.

Чокревски дополнува дека АХВ е една од подобрите институции во државата, потсетувајќи дека тоа го потврдуваат и извештаите на Европската Комисија каде се наведува дека таа има најхармонизирани процедури со европските процедури.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, вчера кажа дека со претстојната реорганизација, која се прави во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, неколку институции и агенции ќе бидат споени во едно, дека ќе има трансфери на вработени и затворање на агенции, а некои од агенциите ќе се затворат, односно ќе бидат трансферирани како сектор во некое друго министерство.

Инаку пренатрупаноста на јавниот сектор е постојано мета на критики во јавноста, а иако на хартија се прават реформи, досега немаше кратење на работни места или некои други систематски решенија.

М.С.М.

Слични содржини