Најголема поддршка за Русија досега: Си во посета на Москва следната недела?

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг планира да ја посети Москва и да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веќе следната недела, порано од очекуваното, соопштија денеска информирани извори на кои се повикува „Ројтерс“.

Кинеското министерство за надворешни работи не одговори на барањето за коментар за посетата на Си на Москва, а Кремљ одби да коментира, наведува агенцијата.

Засега не се познати повеќе детали за евентуалната претстојна посета на кинескиот претседател на Русија.

Најавата за посетата на Си на Москва уследи по веста дека Кина го нуди своето посредување за постигнување мировен договор во Украина, што наиде на скептицизам од Западот, со оглед на дипломатската поддршка на Кина за Русија, забележува британската агенција.

Руската новинска агенција ТАСС на 30 јануари објави дека Путин го поканил Си да ја посети Москва напролет.

Слични содржини