Најмалку 4.815 деца сексуално злоставувани од свештеници во Португалија

од Radmila Tasevska
162 прегледи

Најмалку 4.815 деца биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците на Португалската католичка црква во последните повеќе од 70 години, соопшти денес комисијата задолжена за истражување на сексуалната злоупотреба во Католичката црква.

Независниот комитет за проучување на злоупотребата на децата во Католичката црква, формиран од епископите во земјата пред нешто повеќе од една година, истражува наводни случаи од 1950-тите па наваму, пренесува Ројтерс.

„Сакаме да им оддадеме искрена почит на оние кои биле жртви на злоупотреба во детството и се осмелиле да го кренат својот глас“, рече шефот на комисијата, детскиот психијатар Педро Штрехт.

Слични содржини