На 21 година, Френки Де Јонг чини 400 милиони евра

од Vladimir Zorba

400 милиони евра е клаузулата за ослободување која е запишана во договорот на новото засилување на Барселона – Френки де Јонг.

21-годишниот играч од средниот ред го финализира договорот со Барселона која ќе плати за него 75 милиони евра (и уште над 11 милиони бонуси при добри перформанси), и официјално беше претставен на сајтот на тимот. Де Јонг всушност ќе продолжи да игра за Ајакс и ќе се приклучи кон каталонците во текот на летото на 2019 година

Каталонскиот клуб ја смени нагло политиката при потпишувањето на договорите на своите играчи, откако ПСЖ го зема Нејмар за сума од 222 милиони евра.

Само петмина играчи на Барселона имаат поголема ослободувачки клаузула во својот договор во споредба со Де Јонг – онаа во договорот на Лионел Меси (700 милиони евра), а со по 500 милиони евра се Жерар Пике, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Семјуел Умтити.

Покрај Де Јонг, со 400 милиони евра ослободувачка клаузула во својот договор се уште Филипе Кутињо, Артур Мело и Усман Дембеле.

Слични содржини