Оливија Мун влезе во листата на познати жени кои одлучија да станат мајки по 40 -годишна возраст. Познатата актерка (42) го очекува своето прво дете. Среќната вест ја потврди нејзиниот партнер Џон Мулани, како гостин во емисијата „Late Night With Seth Meyers“.
„Пролетта отидов во Лос Анџелес, запознав и почнав да излегувам со убава жена по име Оливија – Оливија Мун. Ќе станам татко. Двајцата сме навистина, навистина среќни“, рекол Џон пред водителот Сет Мејерс.
На почетокот на интервјуто, Џон зборувал за предизвикувачките 12 месеци зад него. Во септември 2020 година, тој отиде на рехабилитација поради зависност. Во октомври, тој ја напуштил програмата и се иселил од куќата што ја делел со неговата веќе поранешна сопруга Ана Мари Тендлер, а потоа се вратил на пиењето алкохол и консумирањето кокаин.
Ова го довело до нов циклус на рехабилитација, кој го завршил во февруари 2021 година.
„Среќен сум што ја запознав Оливија. Таа ме држеше за рака додека го минував тој пекол, а сега ќе имаме бебе заедно“, додаде тој.