Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони престана да јаде месо, пишува “Кориере дела сера”.

На 79-годишна возраст политичарот сфатил дека месото повеќе не го привлекува и дека животните биле неверојатни суштества.
Одлуката на Берлускони направила мешаница во кујната во неговата вила во градот Аркоре , каде по децении на подготовка на јадења со месо, готвачите се чуделе сега што да му готват на поранешниот премиер.
За обожавателите на Берлускони сега останува да утврдат дали тој е само вегетаријанец или е директно веган. Во Италија следбеници на вегетаријанството се 8 проценти од населението,од нив 7,1 проценти се вегетаријанци, а останатите 0,9 проценти се вегани.