Американската армија соопшти дека на 11 војници им се слошило откако јаделе непозната материја за време на редовна вежба во Форт Блис, Тексас.
Двајца од војниците се во критична состојба, додава Првата вооружена бригада во соопштението, а сите 11 се под надзор на медицинскиот персонал, објави АП.
Засега не е познато како дошло до инцидентот, но покрената е истрага.