Тешки обвиненија против познатиот музичар и продуцент Ар Кели.

Според обвинителот од Чикаго, освојувачот на „Греми“ силувал четири млади жени. Случаите се од
1998 до 2010 година. Во тоа време, три од жените кои поднеле жалба биле на возраст под 17
години.
Ако биде прогласен за виновен по сите обвиненија, на Ар Кели му се закануваат до 70 години
затвор.
Пејачот доброволно се предаде на полицијата.
Обвинувањата доаѓаат по документарен филм во кој многу жени го обвинуваат Ар Кели за
сексуален напад.
Музичарот го нарече филмот „целосно фабрикуван“.