На аукција BMW кое поминало 35 години на дно на река

од Vladimir Zorba
588 прегледи

Ландау е место во Баварија, а локалната полиција на дното на реката пронашла интересен автомобил. Никој не знае кој е сопственик на BMW 520i, кој помина повеќе од 35 години на дното на реката Исар и случајно го пронашол рибар.

Властите одлучија автомобилот да го понудат на продажба на аукција. Се прашувате зошто нешто што седи во кал повеќе од 35 години би требало да чини повеќе од носење на остатоците до отпадот?

Автомобилот е од седумдесеттите години на 20 век, а работите не се толку едноставни. BMW Серија 5 (Е12) потона толку длабоко во калта што кислородот немаше шанса да навлезе во урнатините, па затоа лимот е во одлична состојба. Од друга страна, купувачот ќе треба да се грижи за внатрешноста и зголеменото количество кал.

BMW моментално е во сопственост на германската покраина Баварија. Ќе биде ставен на понуда на царинската аукција. Како што е наведено, врз основа на регистарската табличка, утврдено е дека автомобилот потекнува од општина Динголфинг, пренесе „ХАК“.

Слични содржини