На аукција познат фустан на принцезата Дајана

од Nikola Popovski
179 прегледи

Аукциската куќа „Sotheby‘s“ наскоро ќе го продаде фустанот на принцезата Дијана, кој таа го носеше на кралскиот портрет.

Имено, се работи за прекрасен темно виолетов струкиран фустан од кашмир кој е комплетиран со деколте без прерамки и волуменозно здолниште.

Ова уникатно парче го дизајнираше Виктор Еделштајн, а принцезата го носеше фустанот и за „Vanity Fair“ во 1997 година пред нејзината трагична смрт. Фустанот на Дијана бил проценет на 25.000 американски долари, пренесува Независне.

Облеката последен пат беше продадена на хуманитарната аукција на Кристи заедно со 79 други фустани на принцезата Дијана. Приходите од последната аукција беа донирани на болницата Ројал Мардсен, како и на други организации за борба против СИДА и рак, но се уште не е објавено дали аукцијата на „Sotheby‘s“ ќе ја има истата добротворна цел.