На Авганистан му се заканува хиперинфлација

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Авганистан истовремено се соочува со затворање на банките и недостаток на девизи поради суспендирање на паричните трансфери на компании кои го одржуваат протокот на дознаки од странство. Со испразнети банкомати во градовите, земјата се соочува со серија економски шокови откако Талибанците ја преземаа власта во Кабул пред една недела.

Без пристап до девет милијарди долари во замрзнатите резерви на централната банка во САД и со откажана испорака на долари поради колапсот на поранешната влада, граѓаните на Авганистан веќе се соочуваат со нагло зголемување на цените на основните стоки, пренесе Гардијан. Експертите предупредуваат на ризикот од хиперинфлација, која наскоро би можела да биде двоцифрена.

Според Светска банка, дознаките од странство покриваат околу четири проценти од БДП на Авганистан, или околу 800 милиони долари годишно, што ги прави граѓаните на земјата многу зависни од парите што ги добиваат од членовите на семејството. Компанијата за трансфер на пари Western Union објави дека е свесна за влијанието што ќе го предизвика суспензијата и дека внимателно ќе ја следи ситуацијата.

Мрачните прогнози беа потврдени од аналитичарите на „Fitch Solutions“, во петокот наведувајќи дека авганистанската економија може да ослабне за околу 20 проценти оваа година, и дека националната валута на Авганистан, која веќе загуби седум проценти од својата вредност, може дополнително да девалвира.

Слични содржини