Авионот на соларни батерии „Solar Impulse 2“, по петдневен лет над Тихиот Океан од Нагоја до Хаваи, го заврши своето патување со оштетени батерии, пренесе ВВС.
Замената на прегреаните елементи може да потрае повеќе од две недели. Ова, како и очекувањето на поволни природни услови, може да го одложи почетокот на следниот лет на Solar Impulse 2 за август 2015 година.
Соларниот авион се упати на патување на 9 март 2015 година во 3:12 часот по локално време од Абу-Даби. Се очекува леталото да надмине околу 30 000 километри, поминувајќи во воздухот 25 деноноќија и прелетувајќи над териториите на ОАЕ, Оман, Индија, Мјанмар, Кина, Јапонија, САД, Канада и неколку европски земји. Двајца пилоти се менуваат во управувањето на авионот – Андре Боршберг и Бертранд Пикард.
HB-SIB, како што официјално се вика вториот модел на серијата Solar Impulse, е наменет за демонстрација на можностите на алтернативната енергија. Презентацијата се одржа на 9 март 2014 година. Во текот на мисијата пилотот на Solar Impulse 2 го собори рекордот по времетраење на летот на леталото, управуван од еден пилот. Тој успеа да надмине повеќе од 7212 километри за 117 часа и 52 минути.