Австрискиот министер за здравство Јоханес Раух предупреди дека пандемијата на коронавирусот не е завршена и дека Австрија може да се соочи со 80.000 нови инфекции дневно наесен.
Според досегашните планови, нема да има ново „заклучување“, но речиси сигурно е дека ќе се врати обврската за носење маски.
Австријците до крајот на годината имаат право на 5 ПЦР и антигенски тестови бесплатно месечно.
На лицата постари од 65 години или на членовите на ризичните групи им се препорачува сега повторно да се вакцинираат, а петтата доза да ја примат наесен.
Прогнозите на градот Виена се дека во јуни ќе започне нов бран зарази, на што укажува драстичниот раст на новозаразените за околу 70 отсто на крајот на оваа недела.
За сегашниот раст на бројот на новоинфицирани „виновна“ е субваријантата на сојот „омикрон“ – BA.1 и BA.2.
Сепак, постои и BA.5, кој е три пати позаразен од делта соевите и кој не е толку „благ“ како BA.1 и BA.2.
Бројот на пациенти со соеви BA.5 се удвојува на секои 12 дена, така што оваа мутација би можела да стане доминантна во јуни.