НА АВТОПАТ ВО ГЕРМАНИЈА: 20-годишен татко му го „препуштил воланот“ на своето дете (1), се` и признал на полицијата

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Во саботата попладне на автопатот А7 кај Хамбург полицијата запрела 20-годишен возач кој возел неколку километри со едногодишно дете во скутот.

Според полициското соопштение, полицијата ja повикал сведок кој видел дете зад воланот.

– Полицијата го запре возилото на автопатот А7 кај Севетал во областа Харбург кај Хамбург. Во тој момент детето било на детско седиште на задното седиште. Меѓутоа, возачот признал дека едногодишното дете претходно му заспало во скут, соопшти полицијата во неделата.

Според сопственото признание, мажот возел неколку километри со детето во скут, а во некои моменти целосно го пуштал детето да го преземе воланот.

Според локалните медиуми, 20-годишникот е татко на детето.

Не е познато што го навело младиот татко на ваква непромислена и опасна акција.

Слични содржини