Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својата продавница за апликации во Кина.
Тоа му било наредено од кинескиот интернет регулатор поради грижа за националната безбедност, јавуваат странските новински агенции.
Кина има силна цензура на интернет. Затоа, корисниците на Интернет не можат да пристапат до многу веб-страни и апликации. Но, корисниците го заобиколија т.н „голем заштитен ѕид“ и преземање апликации, користејќи VPN мрежи.
Со сегашната мерка, Пекинг затвори една од најголемите дупки во својот заштитен ѕид, пренесува германската новинска агенција dpa.
„Ние сме должни да ги почитуваме законите во земјите каде што работиме, дури и ако не се согласуваме со нив“, се вели во соопштението на Apple, според Bloomberg.