НА „БИБИ“ МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ: Бенет го повика Нетанјаху: „Дозволете му на Израел да оди напред“

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Лидерот на израелската партија Јамина (Десно) Нафтали Бенет, кој се очекува да биде новиот премиер на Израел, го повика Бенјамин Нетанјаху, сегашниот премиер, да се повлече и да и дозволи на земјата да продолжи напред.

Синоќа на прес-конференција, Бенет ги објави своите напори за формирање нова влада со таканаречена „коалиција за промена“, што ќе означи крај на долгото владеење на Нетанјаху.

„За неколку дена, новата влада ќе даде заклетва. Тоа не е катастрофа, ниту несреќен случај. Тоа не е ништо друго освен промена на владата како што е нормално во која било демократска земја “, рече Бенет, додавајќи дека „Израел не е монархија“ и никој нема монопол на владеењето и дека секоја влада што ќе стане корумпирана на крајот се менува затоа што е природен, здрав потег во која било нормална земја, објави новинската агенција „Бета“.

Тој се осврна на низата закани кон него, неговата партија и другите членови на новата коалиција, како и притисоците врз него и друга десничарска партија да го поткопа формирањето на нова влада.

„Ослободете ја земјата за да може да продолжи понатаму. Не оставајте го само изгорениот терен зад себе“, му рече Бенет директно на Биби Нетанјаху.

Тој исто така ги отфрли тврдењата на Нетанјаху и некои негови приврзаници дека новата влада ќе биде левичарска, велејќи дека новата влада е „всушност десет степени подесно од сегашната“.

Бенет подоцна го повика претседателот на парламентот, Кнесетот – Јарив Левин од конзервативниот Ликуд на Нетанјаху да закаже гласање за доверба на новата влада во среда.

Левин денеска ќе му ја пренесе на Кнесетот најавата за мандаторот за состав на новата влада, Жаир Лапид, лидерот на партијата Јеш Атид (Има иднина), дека може да формира влада и со тоа да го започне гласањето за доверба на старата влада.

Според израелскиот закон, гласањето мора да се одржи во рок од седум дена по објавувањето, а членовите на идната влада вршат притисок тоа да биде во среда, на 9 јуни.

Новата коалиција вклучува осум од 13 партии избрани во Кнесетот на изборите на 23 март.

Меѓу нив се левичарски, десничарски и центристички партии и една палестинска партија.

Врз основа на договорот меѓу Лапид и Бенет, Бенет ќе биде првиот премиер во ротирачката влада, а ќе биде заменет со Лапид во 2023 година.

Слични содржини