62
„Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничниот премин Блаце со цел да се спречат обиди за шверц на поштенски пратки“ – ова било речено на денешната средба на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, со генералниот директор на Македонска пошта, Орхан Куртиши.
„Во два случаи спречени се обиди за шверц на поголеми пратки по брза пошта. Тргнавме кон целосно искоренување на ваквите напори. Но, ќе одиме со засилени контроли на граничниот премин“, рекол Николовски.
Двете страни се договорија да ја унапредат соработката.
Царинската управа, како што се наведува во соопштението, согласно своите овластувања постапува во насока на олеснување на легалната трговија и откривање криминал.