На Боно не му се допаѓа името U2, ниту неговиот глас

од Vladimir Zorba
575 прегледи

Иако U2 е еден од најуспешните бендови на сите времиња, фронтменот Боно Вокс призна дека и по 40 години не му се допаѓа името на бендот.

Тој откри и дека веднаш ја исклучувал радио станицата кога пуштале некои од нивните песни.

Боно и колегата од бендот „Еџ“ се појавија во подкастот Awards Chatter и открија дека на почетокот настапувале под името „The Hype“, но не биле задоволни од тоа име и се обратиле за помош кај поранешниот соученик, музичарот Стив Аверил.

„Тој дојде кај нас со неколку предлози, од кои еден беше U2“, се сеќаваат тие и додаваат:

„Тоа не беше името што го баравме, но беше најдоброто од она што беше понудено. Сè уште не ми се допаѓа името. Навистина не ми се допаѓа. Мислевме дека комбинацијата на букви и бројки звучи како некој шпионски авион или подморница. Звучеше футуристички. Но набрзо се покажа дека всушност е поврзано со некој вид на согласност и не, не ми се допаѓа името. Се уште не ми се допаѓа името“, објасни тој.

Музичарот откри и дека му е тешко да слуша некои од раните песни на неговиот бенд поради сопствениот глас.

„Бендот звучи неверојатно, но секогаш мислев дека мојот глас е многу напнат и некако не е мачо“, рече тој.

„Возев во автомобилот кога пуштија една од нашите работи на радио и поцрвенев од мака. Бев многу засрамен“, додал тој.

Слични содржини