На брод со 400 килограми кокаин пронајден заклaн српски морнар

од Milan1
339 прегледи

Во Џенова запленети се над 400 килограми кокаин, кој бил скриен во контејнер во кој имало кафе од Бразил, а на бродот „МСЦ Аделаида“, освен дрога, бил пронајден и заклан морнар (50), државјанин на Србија, јавува „Џенова 24″.
Според италијанските медиуми, на бродот биле запленети точно 445 килограми кокаин.

„Бродот вплови во пристаништето во Џенова во неделата. Со детален преглед е утврдено дека дрогата била во контејнер каде имало кафе, имало речиси 450 килограми дрога, која била обложена во некои кеси“, пренесуваат локалните медиуми и додаваат:

„Истражителите уапсија двајца мажи, кои ги нашле на бродот. Станува збор за Кулмва Камал и Фабио Папе. Потоа еден од нив бил фатен како зема кеси од контејнер кој бил ставен во просторот каде што имало видео надзор. Вредноста на запленетата дрога на пазарот би била 30 милиони евра“.

Италијанските медиуми пишуваат дека по контролата на бродот е пронајдено тело на Србин.

„Заклан е српски морнар, му го пресекле грлото. Наредена е обдукција, по што ќе се знае како е заклан“, пишува „Џенова 24“.

Италијанските медиуми наведуваат дека се истражува смртта на Србинот, а не е исклучена можноста тој да се самоубил. Но, сомнително е дека оружјето не е пронајдено покрај телото, пренесува „Новости“.

„Оружјето, ножот или можеби секачот со кој му го пресекол грлото на морнарот не се пронајдени, а неговите колеги од бродот во полиција рекле дека најверојатно се самоубил. Овие нивни наводи детално се проверуваат“, пишуваат медиумите.

Според медиумите, истрагата е во тек.

„Истрагата на обвинителот, координирана од заменик-обвинителот Федерико Маноти, продолжува, а во моментов е во тек потрагата по соучесници. Бродот ќе остане закотвен во пристаништето неколку дена, за да се овозможи истрага, додаваат оттаму.

Слични содржини