На членовите на спрски бенд им забраниле влез во Црна Гора, ги вратиле од граница

411 прегледи

На членовите на бендот Београдски синдикат им е забранет влез во Црна Гора, според објавата на социјалните мрежи на еден член, Феџа Димовиќ. Таму требало да учествуваат на литија во Подгорица.

Групата неодамна сними песна „Sviće zora“ која стана неофицијална химна на литијата која се одржува во делови од Црна Гора во знак на протести против неодамна усвоениот Закон за слобода на вероисповед.

ČLANOVIMA SINDIKATA ZABRANJEN ULAZ U CRNU GORU!

Публикувахте от Fedja Dimovic в Събота, 22 февруари 2020 г.

Во Црна Гора од почетокот на годината, откако е усвоен законот со кој се регулира сопственоста над објектите на верските заедници, два пати неделно се одржуваат протестни маршови кои ги организира Српската православна црква, а на кои се собираат и по неколку десетици илјади православни лица.

„Браќа и сестри, само што бевме вратени од граничниот премин со Црна Года каде ни е забранет влез без никакво објаснување и писмено образложение. Знаете дека на повик на митрополитијата на црногорското приморје требаше да настапиме на литија во Подгорица. За жал, спречени сме. Нашиот член Бошко е депортиран од аеродромот во Подгорица. Преку ова ве поддржуваме и ви посакуваме многу успех на утрешната литија, а ние наскро ќе ѝ се обратиме на јавноста со некое малку подетално соопштение. Не го даваме светото“, порачале членовите на бендот на видеото објавено на Фејсбук.

Во меѓувреме, митрополитот на црногорското приморје Амфилохиј ја одликувал групата со орден. Орденот во име на грушата го примил Александар Протиќ, единствениот член кој успеал да влезе во Црна Гора, пренесува Телеграф.

Слични содржини