download

На денешен ден 4 јуни 2015
1783.- Француските пронаоѓачи браќата Етјен и Жозеф Монголфје првпат јавно демонстрираа летање со балон полнет со загреан воздух.

1798.- Умре италијанскиот авантурист Ѓакомо Ѓироламо Казанова де Сеингал, синоним на латински љубовник. Неговите „Мемоари“ претставуваат скапоцена слика на европското општество и епоха во кои живееше.

1867.- Роден е финскиот маршал и државник Карл Густав Емил фон Манерхајм, претседател на Финска од 1944 до 1946 година. Како офицер на руската коњаничка војска учествуваше во Руско-јапонската и во Првата светска војна. Од 1917 година ги предводеше контрареволуционерните сили во Финска и беше регент на Финска во 1918 и 1919 година. Во текот на Втората светска војна беше врховен командант на финската армија. Утврдената одбранбена линија кон Советскиот Сојуз, изградена пред Втората светска војна по негова замисла е наречена „Манерхајмова линија“.

1878.- Англија го присвои Кипар. Претседателот на британската влада Бенџамин Дизраели потпиша таен договор со Портата при што Англија се обврза да ги брани турските поседи во Азија, а како награда за тие „идни услуги“ Турција и го предаде на „привремена управа“ островот Кипар – важна стратешка точка во источниот дел на Средоземното Море. До овој настан дојде неколку дена пред почетокот на Берлинскиот конгрес, каде што се решаваа прашањата на Санстефанскиот мир и териториите што ги држеше Турција. Англија, подготвувајќи се за Берлинскиот конгрес, настојуваше да ги зајакне своите позиции на штета на Портата со „заштита на турските интереси загрозени со Санстефанскиот мир“.

1903.- Во близина на манастирот „Свети Стефан“, кај месноста Гумниште, Охридско, подмолно и мистериозно е убиен Наум Чакаров – Лондра, македонски војвода, член на Охридското револуционерно началство, горски началник на Охридската околија и учител. Роден е во Струга, во 1869 година.

1916.- Под команда на рускиот генерал Алексеј Брусиолов почна првата фаза на руската летна офанзива во Првата светска војна. Целта беше да се пробие австриско-унгарскиот фронт, кој беше успешно завршен до 15 јуни 1916 година. Во пробивот, Австријците загубија околу 250.000 војници. Притоа руските единици стигнаа до Карпатите, а Романија тогаш влезе во војната на страната на Антантата.

1941.- Умре поранешниот германски цар и пруски крал Фридрих Вилхелм II Виктор Алберт, творец на политиката за продор на исток и предизвикувач на низа воено-дипломатски кризи, вклучувајќи го и објавувањето на војна со Србија во 1914 година, со што започна и Првата светска војна.

1942.- Почна четиридневната борба за пацифичките острови Мидвеј, во која Американците им го нанесоа првиот посериозен пораз на Јапонците во Втората светска војна.

1943.- Војската го тргна од власт претседателот на Аргентина Рамон Кастиљо.

1944.- Осмата британска и Петтата американска армија влегоа во Рим во Втората светска војна. Иако германскиот командант во Италија фелдмаршалот Алберт Кесерлинг се откажа од одбраната на Рим, сојузничките армии не го искористија моментот да го продолжат напредувањето и да ги поразат германските трупи.

1946.- Генералот Хуан Перон е избран првпат за претседател на Аргентина.

1971.- Умре унгарскиот филозоф Ѓерѓ Лукач, протагонист на „западниот марксизам“. Дела: „Теорија на романот“, „Егзистенцијализмот или марксизмот“, „Естетика“.

1989.- Гасовод покрај транссибирската пруга експлодира и запали два патнички воза во кои загинаа 575 луѓе.

1996.- Европската ракета „Аријана 5“ експлодира 40 секунди по лансирањето.

2000.- Во земјотрес на индонезискиот остров Суматра загинаа повеќе од 100 луѓе.

Слични содржини