На денешен ден во 1992 година, тинејџер со шеќерна болест Леонард Томпсон, во болница во Торонто во Канада, стана првиот човек кој ја прими инекцијата инсулин.

Неговата состојба се подобри со неверојатна брзина, а веста со огромна брзина се прошири низ светот.
Фредерик Бантинг и Џон Меклеод, кои работеле на истраѓување на инсулинот, за својата работа се наградени со Нобелова награда за медицина една година подоцна.
Шеќерната болест е глобална епидемија со 415 милионо заболени низ светот од кои половина немаат поставена дијагноза и не се лекуваат, повеќе од 5 милиони умираат од оваа болест, а годишните трошоци за здравствена заштита се повеќе од 600 милијарди долари.