Во пресрет на погребот на кралицата Елизабета Втора, Бакингемската палата донесе одлука која претставува нов удар за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Имено, палатата објави како ќе се движи поворката која ќе го следи ковчегот на кралицата, како и редот на луѓето во неа. Очекувано, на чело е кралот Чарлс со сопругата Камила, а зад него се помладите браќа принцовите Ендру и Едвард, како и сестрата Ана.
Бидејќи Вилијам неодамна стана принц од Велс и официјален наследник на круната, тој и Кејт Мидлтон – принцезата од Велс ќе одат зад децата на кралицата Елизабета.
Меѓутоа, следниот ред ја шокираше британската јавност и уште еднаш фрли сомнеж во односот на принцот Хари со остатокот од семејството.
Децата на Вилијам – принцот Џорџ и принцезата Шарлот – ќе одат пред Хари и неговата сопруга. Многумина го протолкуваа фактот дека Хари и Меган беа позиционирани зад нивните внуци како уште една порака од остатокот од семејството, со кое Хари со години не е во добри односи.