На девојката и дал ДОГОВОР по повод Европското: „Без повици, пораки се забранети, ќе бидам во пабот“

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Џорџија Холмс од Велика Британија го покажа договорот што и го дал Џоел, нејзиното момче, по повод Европското првенство во фудбал на „ТикТок“.

– Нема шанси да сум единствената што добила писмо од дечкото во пресрет на Европското првенство во фудбал – напиша таа со видео што им се допадна на скоро 50.000 луѓе.

– Го пишувам овој мејл како документ со условите и одредбите за Европското првенство, што ќе се одржи од петок, 11 јуни 2021 година, до недела, 11 јули. Сега ќе ги набројам условите и одредбите – започнува писмото кое многумина насмеа.

Правилата вклучуваат, меѓу другото, дека нема да има „интеракции со мобилни телефони“ освен ако тој не и се јави да и каже „дека фудбалот се враќа дома“.

Второто правило е дека никогаш не треба да го прашува кога ќе се врати дома, бидејќи поголемиот дел од времето ќе го помине во паб.

Клаузула три, сепак, дозволува Џорџија да го повика своето момче кога станува збор за итни случаи. Може да му испраќа пораки само на полувреме или на крајот од натпреварот, бидејќи неговото „целосно внимание мора да биде насочено кон играта“.

Испраќањето пораки за време на пенали е строго забрането.

Тој исто така додаде дека секое лошо расположение предизвикано од играта не смее да се сфати лично, а исто така најавил дека често ќе се враќа дома во алкохолизирана состојба.

Слични содржини