На Џони Деп му се насмевнува улога во филм, и тоа со неговата поранешна

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Тим Бартон се подготвува да го снима продолжението на неговиот филмски хит од 1988 година Beetlejuice и не само што има намера да му понуди улога на Џони Деп, туку покрај него треба да игра и Винона Рајдер, поранешната вереница на Деп.

Гледајќи наназад, на Џони Деп не му требаше минатогодишниот судски спор против англискиот таблоид „The Sun“, откако тие го нарекоа „тепач на жени“.

Имено, фактот дека тој имал конфликтен брак со Амбер Херд беше познат уште пред тоа судење, исто како што не беше тајна дека имало физички конфликти меѓу поранешните сопружници. Тоа не му наштети на Деп професионално, сè додека приказните не добија судска потврда црно на бело. Британски суд застана на страната на весникот и откри дека „The Sun“ не напишал ништо што е во спротивност со вистината.

И тогаш започна задоцнетиот холивудски прогон. Скоро истата секунда по пресудата, на Деп му беше сугерирано да се откаже од својата улога во новото продолжение на франшизата „Фантастични ѕверови“, што Деп и го стори. Да не го стореше тоа, „Ворнер Брос“ секако ќе го отпуштеше.

Со други зборови, Деп е на еден или друг начин без договор за големи улоги на хоризонтот. Меѓутоа неговите угледни пријатели може да излезат во пресрет и да ја спасат неговата кариера.

Според англискиот „Експрес“, тој пријател е Тим Бартон, кој има долга блиска лична и деловна врска со Деп. Тие работеа заедно на дури осум филмови на Бартон.

Тим Бартон сè уште не дава изјави на оваа тема. Сепак, според информациите кои кружат во медиумите од инсајдерски кругови, се чини дека тој е подготвен да му подаде рака на својот пријател во неволја.

Слични содржини