262
Две отсечени човечки глави се пронајдени на избирачките места во северозападниот мексикански град Тихуана, кој се граничи со САД, соопштија денес тамошните власти.
Во првиот инцидент, непознат човек фрлил отсечена глава во едно избирачко место. Неколку часа подоцна, на друго избирачко место, покрај гласачката кутија, непознато лице оставило дрвена кутија со друга глава и делови од убиеното лице.
Обвинителството рече дека кеси со човечки остатоци се пронајдени и недалеку од едно избирачко место.
Во Тихуана, град каде насилството поврзано со трговија со дрога е честа, и порано имало слични морбидни случаи.
И изборната кампања за долниот дом на парламентот и локалната власт беше обележана со насилство и убиство на некои кандидати.