На две места од извршените мерења резултатите покажаа надминување на максимално дозволеното ниво на бучава за што ќе бидат преземени соодветни мерки согласно со Законот за заштита од бучава, информираат од Општина Аеродром.
-Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатиот период извршија мерења и анализа на нивото на бучава во животната средина. Мерењето ја опфати бучавата од угостителските објекти, автопералниците и бучава што се емитува од надворешните единици на клима-уредите од маркетите.Во периодот што следува континуирано ќе се вршат мерења на бучавата по пријава од граѓани, но и по службена должност, велат од општината.
Оттаму информираат дека Општината упатува апел да се почитуваат пропишаните правила и закони, бидејќи прекршувањата според член 56 и 57 од Законот подлежат на високи глоби, кои се движат од 2 000 до 3 000 евра за трговци поединци, а од 6 000 до 98 000 евра за микро, мали, средни и големи трговци.