На една од најубавите жени во светот ѝ паднале забите, боледува од опасна болест

од Milan1
240 прегледи

Манекенката Бела Хадид, којашто во еден период ја носеше титулата најубава жена во светот, пред две години исчезна од јавноста. Во текот на овој период никој ја немаше видено, а таа во меѓувреме се борела со сериозна болест поради која во еден момент и паднале забите.

Од време на време Бела се огласуваше преку социјалните мрежи, но со манекенството не се занимаваше ниту се појавуваше на јавни настани. Нејзиниот прв јавен настап се случи пред неколку месеци, а сè почестите папарацо – фотографии сведочат дека состојбата на манекенката сега е многу подобра.

Tаа ја откри својата состојба преку серија на фотографии коишто ги открија деталите на нејзината борба со „лајмската болест“ од којашто боледува од 2012 година. Поради компликациите предизвикани од болеста таа пред неколку месеци изгубила еден заб, кога инфекцијата се проширила во нејзината вилица.

За жал, оваа болест којашто уште се нарекува „борелија“, ја пренесуваат заразени крлежи, а ги напаѓа забите, вилицата, мозокот, ’рбетот, коските и целиот нервен систем.

„Секоја помала траума, било физичка или психичка, може да ја влоши оваа болест. Мојата вилица е воспалена секогаш кога сум под стрес или кога премногу работам. Неколку денови сум добро, но некои денови се тешки. Но сега вилицата неиздржливо ме боли. Утре ќе го извадам овој заб“, кажа Бела на своето инстаграм стори од пред неколку месеци. Фотографиите коишто таа ги објави ја открија нејзината исцрпеност, напорната борба и уморот коишто се кријат зад гламурот и огромниот успех.

Тешката болест за малку ќе ја чинеше живот

На неколку фотографии се гледаат инфузии поставени на раката на Бела, а на другите можат да се видат нејзините прегледи на лекар при коишто и била земана крв. Меѓутоа, Бела храбро ги сподели и оние фотографии на коишто е видно исцрпена и малаксана, без шминка, во домашно издание.

„Мојата состојба со текот на времето се влоши додека напорно работев, обидувајќи се да ги направам горди моето семејство,луѓето коишто ме поддржуваат но и себеси. Тоа ми одзема данок на начин којшто не можам да го објаснам. Да бидеш толку тажен и болен, а да имаш толку благослови и привилегии околу себе е веројатно најзбунувачката работа“, напиша Бела.

Слични содржини