На Facebook му се заканува брутално голема казна

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Тужби и закани за високи казни не се новини за Facebook и Metа, но последната тужба поднесена против нив може да резултира со рекордна парична казна дури и по мерката на Марк Закерберг. Тужбата ја поднесе државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, а причината е незаконското собирање биометриски податоци на корисниците без нивна согласност. Во слична тужба во која Facebook се договорија во Илиноис, тие платија 650 милиони долари.

Откако Facebook ја воведе опцијата за препознавање лице, почна да ги собира тие биометриски податоци за корисниците без тие да дадат согласност. Собирале и биометриски податоци на луѓе кои не се ни корисници на нивната социјална мрежа, а кои биле на фотографиите кои корисниците на Facebook ги прикачиле на таа мрежа.

Во тужбата се тврди дека Facebook милијарди пати собирал податоци od препознавање лица, односно секој пат кога некој објавувал фотографија на таа социјална мрежа. Според законот за употреба на биометриски податоци како што е на сила во Тексас, за секое незаконско собирање биометриски податоци и нивно споделување со трети лица, казните се до 25.000 долари за секое прекршување на законот.

Во тужбата, исто така, се наведува дека Facebook го прекршил законот за комерцијални практики со тоа што не ги предупредил корисниците дека ги користи нивните фотографии за обука на вештачка интелигенција, така што вештачката интелигенција последователно може повторно да ги препознае лицата на тие фотографии. За секое прекршување на тој закон се потребни дополнителни 10.000 долари

Со оглед на тоа дека споменатите закони биле прекршени милијарди пати, јасно е дека Meta се соочува со брутално голема казна. Тоа се милијарди долари, рече Пакстон на прес-конференција.

Она што тој конкретно го посочи во тужбата е дека другите податоци што се користат за единствена идентификација на поединци (како што се броевите за социјално осигурување во САД) може да се променат доколку се украдени, додека биометриските податоци се трајни и непроменливи и можат да се искористуваат доживотно.

Слични содржини