На фестивал во Индија се забранија селфињата

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Зона на забранети селфиња се појави на голем хинду фестивал во Индија поради стравувања дека селфи манијата може да предизвика немири и стампедо, објави ББС.

4376037

Забраната ќе биде наметната на светиот празник Кумб Мела. Според астролошките пресметки, празникот Кумб Мела се одржува еднаш на секои 12 години и започнува од денот кога сонцето и месечината влегуваат во знакот на Јарецот и Јупитер влегува во знакот на Овен. Локалците  веруваат дека во овој ден се отвора коридор од Земјата кон другите планети и тоа им овозможува на душата да се занесувај побрзо во задгробниот живот. Фестивалот привлекува околу три милиони луѓе. Оваа година властите одлучиле да ги забранат селфињата во деновите кога луѓето се капат во светата река Годавари. Организаторите велат дека за време на ритуалот илјадници луѓе се запираат, за да си направат селфи, што доведува до туркање, паника и страв. Фестивалот ќе трае до средината на септември.