На Фицо ќе му биде извршена уште една операција

од Milan1
167 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо врз кого вчера беше извршен атентат во градот Хандлови, го чека уште една операција, пишува словачкиот портал Правда. Абдоминалното крварење на Фицо е запрено, но нему му претстои операција на колкот.

Во меѓувреме, полицијата го обвини напаѓачот на премиерот за убиство со предумисла и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор. Како што пренесува порталот, напаѓачот, за кого медиумите пренесуваат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рекол дека е горд на својот чин.

РТВС објави дека напаѓачот моментално се наоѓа во ќелијата на Националната агенција за криминал во Нитра.

Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но таа се уште е тешка, соопшти претходно денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.

Два медицински тима го оперираа словачкиот премиер пет часа.

„Во моментов се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба“, рече словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак.

Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток денеска побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за национална безбедност, а Владата ќе одржи седница.

Слични содржини