На Германија и понатаму и се заканува недостиг од готовина во банкоматите

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Неколку дена пред Божиќ, Германија се уште се соочува со закана од недостиг на готовина во банкоматите.

Причина за ова е спор во индустријата за транспорт на пари и други вредни предмети. Всушност, станува збор за работници за транспорт на пари до финансиски институции низ државата. Работниците се уште не нашле заеднички јазик со работодавачите, поради што се закануваат со штрајк.

Надлежните признаваат дека е можно поради штрајкот да исчезне готовината во некои делови од државата, што може да биде проблем за некои луѓе, пред се за постарите. Потенцијалниот недостиг би можел првенствено да се појави на банкоматите, додека штедилниците и банките уверуваат дека се подготвени за такви ситуации.

Германското трговско здружение објави дека претходните штрајкови не предизвикале големи проблеми во продажбата на мало. Според нив, во најдобар случај е незгодно кога на банкоматите нема готовина, што може да резултира со напуштање на набавките.

Употребата на готовина во Германија во последните години континуирано се намалува, пишува „Билд“.

Слични содржини