На ГП Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека половина час

од Radmila Tasevska
262 прегледи

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско, од 16.08 до 19.08.2023 год, делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини