302
Женско лице државјанка на Р. Хрватска, утринава е приведена на граничниот премин Табановце, бидејќи имала незаконски престој во нашата земја, сопштија денес од Министерството за внатрешни работи.
„Утрово околу 01:00 на Граничен премин Табановце, од слобода била лишена Т.П.(20) од Република Хрватска, затоа што при извршена контрола било констатирано дека незаконски престојува во Република Северна Македонија“, посочија од ресорното министерство.
Исто така, тие потенцираат дека таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.