На Грција и недостигаат 280.000 работници во градежништвото, туризмот и угостителството

од Vladimir Zorba
269 прегледи

На Грција и недостигаат 280.000 работници во градежништвото, туризмот и угостителството, пишува Катимерини.

Порталот, цитирајќи истражувања, вели дека во градежниот сектор има недостиг од околу 200.000 работници, од инженери до занаетчии.

Во туризмот и угостителството недостигаат околу 80.000 работници, па компаниите од тие области бараат договори со други земји за вработување странски работници.

Недостигаат работници од тешка механизација, ѕидари, градежници, па дури и инженери, бидејќи во земјата има се повеќе градилишта, наведува порталот.

Претседателот на здружението на грчките градежници, Димитрис Капсималис, рече дека изградбата на станбена зграда, која претходно траеше 18 месеци, сега трае најмалку 24 месеци, можеби и повеќе, бидејќи нема доволно градежници.

Лидерите на грчките градежни компании сметаат дека за доаѓањето на странски работници во Грција ќе бидат потребни меѓудржавни договори со други земји.

Слични содржини