На Хари Стајлс му се скинаа панталоните кај меѓуножјето пред Џенифер Анистон (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Британскиот пејач Хари Стајлс одржа концерт во Инглвуд, Калифорнија, кога му се случи непријатна ситуација.

Хари беше облечен во кафени панталони кои пукнаа во моментот кога клекна на сцената.

Додека ја пеел песната „Music for a Sushi Restaurant“ се доближил до публиката, се фрлил на колена и во тој момент му се скинале панталоните, токму во пределот на меѓуножјето.

Пејачот брзо го покри со раце местото каде му се скинаа панталоните, а потоа ја напушти сцената да се пресоблече.

Кога се врати ѝ се извини на публиката.

„Ми се скинаа панталоните. Чувствувам дека треба да им се извинам на неколкумина од вас во првите редови. Вие, господине, дали сте добро? Тоа не беше дел од шоуто, се колнам“, се пошегува Стајлс.

По ваквата ситуација и лошата среќа на пејачот, на Твитер почнаа да се слеваат коментари за тоа како Џенифер Анистон, во која некогаш бил вљубен, била на концертот на Хари.

„Знае ли Хари дека му скинале панталоните пред Џенифер Анистон?“, гласеше еден од коментарите на споменатата социјална мрежа.

Слични содржини