330
Големите американски филмски и телевизиски студија им понудија на холивудските актери повеќе од една милијарда долари надокнада и подобри услови, пред синдикатот SAG-AFTRA да објави штрајк минатата недела, соопшти Алијансата на филмски и телевизиски продуценти (AMPTP).
Здружението на филмските актери и Американската федерација на радио и телевизиски уметници (SAG-AFTRA) бараат поправедна распределба на профитот и подобри услови за работа од стриминг сервисите.
Тие повикаа на штрајк во четврток, откако не постигнаа договор со Алијансата на филмски и телевизиски продуценти (AMPTP), која ги претставува студијата како Дизни, Нетфликс, Амазон и Епл, пренесува „Ројтерс“.