На историчарите им препорачувам тие да се занимаваат со историјата, вели Ковачевски

од Берта Китинска
121 прегледи

Треба да бидеме смиерни. Историчарите да се занимаваат со историјата, а политичарите со политиката и на тој начин ќе имаме добри соседски односи, вели премиерот Димитар Ковачевски во врска со
последните наводи од дел од бугарските историчари дека преродбеникот Кирил Пејчиновиќ бил Бугарин.

„Имаме многу јасна преговарачка рамка со ЕУ, каде што историските прашања, се дел од работата за историската комисија, во којашто има 14 историчари, по 7 од двете страни и сите тие, заедно, со консензус, мора да ги донесат сите решенија. На историчарите им препорачувам тие да се занимаваат со историјата, политичарите со политиката и на тој начин ќе имаме и доби соседски односи и побрз напредок на државата“, рече Ковачевски.