Сонот на сите кампери е приколка со 40 квадратни метри мобилна станбена површина опремена со последниот крик на технологијата. Тоа е тој – “Маратон 1242”.
Подвижниот дом располага со пространа кабина за управување, дневна со кујна, 2 купатила, два гардеробера, спална и куп додатоци, за чие напојување се грижи 20 киловатен генератор. Кемперот има две платформи кои ја зголемуваат функционалната површина. Врз нив се прицврстени спалната и каучот во дневната соба.
Продажната цена е 2,2 милиони долари.
Тој има една врата, која е сместена на дофат од возачкото седиште. Уште со влегувањето разбираме дека ентериерот на ова чудо на инженеринскиот дизајн ќе потсетува на хотел со пет ѕвездички во Дубаи.Инструментите се од бела кожа и махагони, а подот во кабината е од технички камен, кој имитира мермер.
Секојдневниот салон претставува една еклектика од технологија, материјали и комфорт. Во првиот агол на салонот е поставеен електричен камин, чија импровизирана камера потсетува на пламенот и дрвени цепеници. Поглед накосо и гледаме табла за управување на ролетните – секој прозорец е опремен со автоматски ролетни од ткаенина, кои целосно го блокираат протокот на светлина.
Но тоа не е сè – посебен таблет, монтиран на ѕидот, помага за управување со графиката во трејлерот – климатизација, телевизиски монитори, музички систем, музика и осветлување. Салонот има 3 монитора, првиот од кои е огромен и е лоциран во непосредна близина на возачот.
Што уште?
Како изгледа трејлерот за милиони можете да видите во нашата галерија