Канада се соочува со еден од најсилните бранови на бури досега додека Фиона го продолжува својот пат кон канадскиот брег на Атлантикот, објави Гардијан.
Невремето доцна вчера се намали од ураган на посттропски циклон, но синоптичарите прогнозираат дека сепак може да достигне јачина на ураган и да донесе обилни дождови и големи бранови на канадскиот брег.