На кои автомобили се враќаат клиентите?

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Дури 86,6 отсто од приватните сопственици на Tesla кои минатата година го замениле својот стар автомобил за нов во Германија, останале лојални на брендот. Ова произлезе од истражувањето на пазарот спроведено од германската компанија за анализа на пазарот Dataforce, а нарачано од германската Automobilwoche. Се разгледуваа само приватни купувачи.

На второ место следи Dacia со процент на лојалност од 73,6 отсто.

– Ова не е изненадувачки и е тесно поврзано со позиционирањето на Dacia како многу евтин бренд. Повеќето клиенти на Dacia дојдоа од пазарот на стари, користени автомобили, а сега уживаат во удобноста на нов автомобил по цена на добар користен автомобил. Откако ќе се навикнете, не се враќате толку брзо на половниот модел – вели Лаура Одиниус од Dataforce.

Според „HAK“, третото место и припаѓа на Toyota. Јапонците бележат процент на лојалност од 59,2 проценти за 2022. Според Одинус, за ова главно се одговорни постарите клиенти: од 75-годишна возраст, 75 проценти од клиентите се лојални на брендот што го возат, според истражувањето.

Најдобрата германска марка е Mercedes на петтото место, со стапка на лојалност од 53,9 отсто. VW со 49,4 отсто е на единаесеттото место.

Слични содржини