На својата 11. седница, Комисијата за транспорт и врски беа усвоени предлозите за измена на Законот за води и Законот за заштита на природата во прво читање.
Истите се прават со цел усогласување на Законот за прекршоци, како и Законот за инспекциски надзор.
Каја Шукова, инаку ппретставник на предлагачот, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање истакна со измените ќе се зголемат и казните за прекршителите на законот.
„Она на што е карактеристично и треба да се напомне е дека кај другите закони се намалија глобите, а во областа на животната средина тие се зголемија и тоа за 20 пати. Согласно измените, највисоката казна која може да се изрече е во висина од 200.000 евра. За правните лица може да се изрече и опомена, привремена забрана за вршење на дејност и забрана за добивање субвенции и други средства до три години“, посочи Шукова.
Инаку, ако прекршителот е физичко лице, со измените на законот, може да му се забрани вршење на определена професија, дејност или должност од страна на прекршочен орган во траење од 3 до 30 дена, а суд најдолго до една година.
Истовремено таа посочи и дека е направена измена и во однос на одговорниот орган кој може да изрече санкции во зависност од висината на глобата.