Секоја година, екстремните температури одземаат 5 милиони животи, додека 400.000 луѓе умираат од глад и болести поврзани со климата, а голем број загинаа во поплави и шумски пожари.
Сега, истражувачите промовираат нова правна теорија која вели дека компаниите за фосилни горива – кои, според податоците, се водечки придонесувачи за загревањето на планетата – би можеле да бидат судени за убиство поради смртни случаи поврзани со климата, пишува „Гардијан“.
Радикалната идеја, првпат предложена минатата година од непрофитната организација Public Citizen за застапување на потрошувачите, можеби звучи пресилно, но добива интерес од експерти и јавни службеници.
„Навистина сме возбудени што ја видовме љубопитноста, интересот и поддршката што овие идеи ја собраа од членовите на правната заедница, вклучително и од поранешните и сегашните федерални, државни и локални обвинители“, рече Арон Регунберг, виш советник за политика во Public Citizen’s климатската програма.
Истражувачите на Public Citizen моментално одржуваат настани на врвни правни факултети, вклучувајќи ги Јеил, Универзитетот во Пенсилванија, Харвард, Универзитетот во Чикаго и Универзитетот во Њујорк за да ја промовираат идејата.
„Силно ги поддржувам напорите да се тргне по овие ко*илиња“, рече Кристофер Раб, претставник на државата Пенсилванија на неодамнешниот настан на „УПен“. Истражувачите велат дека и други јавни службеници изразиле интерес зад сцената.
Предлогот, кој наскоро ќе биде објавен во Harvard Law Review, делумно произлегува од зголемениот број докази дека индустријата за фосилни горива криела информации за опасностите од употребата на фосилни горива од јавноста. Тие откритија инспирираа 40 тужби во кои се тврди дека големите нафтени компании, т.н. „Big Oil“ ги прекршила законите за деликти, одговорност за производи и заштита на потрошувачите и дека се вклучила во рекетирање.
Покрај тие граѓански тужби, компаниите за фосилни горива треба да се соочат и со кривични пријави, велат истражувачите.
„Кривичното право е она што кажуваме што е правилно и погрешно во нашето општество“, рече Дејвид Аркуш, кој ја води климатската програма на Public Citizen и коавтор на трудот за предлогот. „Мислам дека е важно некои од најштетните однесувања во човечката историја да бидат целосно препознаени и прогонети како криминални“.
Постојат низа статути кои би можеле да го криминализираат климатското однесување на компаниите за фосилни горива, велат истражувачите. Многу од граѓанските барања со кои се соочуваат нафтените компании, како што се заговор и рекет, имаат криминални опозити, а други закони може да се користат за криминализирање на однесувањето што може да нанесе идна штета, како што е несовесно загрозување. Но, тврдењето што може да ја опфати најголемата штета на секторот, велат истражувачите, е убиство.
Целата статија на следниот линк!