На криминалци во принцип не верувам, а министерот за внатрешни го сметам за криминалец

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска – реакција на прес конференција на Чавков:

Mirjana-Najchevska

На криминалци во принцип не верувам. Со оглед на тоа дека актуелниот министер за внатрешни работи го сметам за криминалец (а и предводник на криминална банда), се што ќе каже го сметам или за криминал или за обид за затскривање на криминал. Лично мислам дека е ова второво (бидејки нешто не им успеа со хајката против невладините организации и граѓанските активисти).

Ама некако не ми дава срце, како професор, барем да не ги прокоментирам малку крунските докази до кои дошла полицијата (која спротивно на Уставот и законите влегла на територијата на Универзитетот) и која во херојска акција успеала да се справи со неколку професори, неколку службенички, еден кафеџија и многу опасен демонстратор:

– Кај еден осомничен во возилото се пронајдени 1.000 евра. Дали е некое посебно кривично дело со себе да имаш 1000 евра, или е кривично дело доколку тие се 16 банкноти во апоени од 50 евра, како и две банкноти во апоени од 100 евра, или кога веќе еднаш им пројде тоа со Љубе Бошковски сега можат и во секоја друга ситуација да си ја користат истата финта?

– Кај друг е пронајден мобилен телефон што според Чавков е предмет на кривично дело. Без да каже човекот кој е актуелен министер за внатрешни работи, а кого јас го сметам за криминалец во што се состои тоа “предмет на кривично дело“, останува само фактот дека е одземен мобилен телефон. Ова ме потсетува на еден случај кога како доказ дека спремале заговор беше земен податокот дека неколкумина се среќавале во кафеана.

– Во Кабинет кај еден професор се пронајдени 4 индекси на студенти, додек во домот на еден професор е пронајден еден индекс. Според Кривичниот законик член 458, кривично дело е доколку кај тебе во кабинет најдат индекс. И јас кај мене некогаш имам индекси, и пријави, а и по некоја семинарска ќе се најде. Мислам дека сум зрела за прогон.

– Во бифето на факултетот се пронајдени две пријави за испити – крајно нејасно е каде и зошто биле овие пријави во бифето. Јас во моментов можам да смислам 5 причини кои не се опфатени со Кривичниот законик, а кои сигурна сум се наоѓаат во некој тефтер на човекот кој е актуелен министер за внатрешни работи, а кого јас го сметам за криминалец.- и последното, од Студентските прашања се одземени 17 досиеја од прва година. Пронајден е и нотес со имиња и матични броеви на студенти. Мислам дека е ептен неверојатно во Студентски прашања да има досиеја на студенти и сигурна сум дека во некоја многу сложена филмска приказа тие се клучен доказ за примање/давање мито.

Малку ми е страв за Зоја Бузалковска. Јас најчесно си ја добив улогата на балерина во претставата „Забава“ (како најдобра од сите пријавени кандидати), ама ако се појават тоа Тигрите и Волците и Лавовите и по некој сокол и сл. може ќе извадат доказ дека некоја друга балерина ќе била подобра и поссодветна за улогата.