На Левандовски му здосади Бундеслигата, сака да го напушти Баерн?

од Stefanija Kuzmanovska

Официјално, најдобриот фудбалер на светот и фудбалер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, наводно се „заситил“ со Бундеслигата.

Според германски „Скај“, полскиот напаѓач изразил желба да се испроба во друг тим од „најдобрите 5 лиги“, па неговиот агент Пини Захави веќе започнал да работи.

Контактирал неколку клубови кои се заинтересирани, но тие би можеле да го донесат само доколку се подготвени да ја „отворат торбата“.

Наведено е дека нема откупна клаузула, но Баерн не би се согласил да го пушти под 80.000.000 евра.

Први во редот се Реал Мадрид и Барселона, со кои Захави прв стапил во контакт.

Левандовски е во Бундеслигата од 2010 година кога пристигна од Борусија Дортмунд, а три години подоцна се пресели во Баерн.

Оттогаш, тој одигра 326 натпревари и постигна 289 голови.

Неговиот просек е значително подобрен во тековната сезона, во која постигна дури 43 гола на 37 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини