446
Кирк Даглас го остави богатството на својата фондација посветена на добротворна работа, а син му Мајкл не доби ниту цент, беше веста која јавноста ја дочека со неверување.
Но, она на кое заборавија луѓето е дека самиот Мајкл е подеднакво популарен актер на кој, многу веројатно, воопшто и не му се потребни парите на неговиот татко. Мајкл Даглас е женет со познатата актерка Кетрин Зета Џонс, која и самата вреди неколку десетици милиони.
Всушност, се проценува дека Мајкл „тежи“ 300 милиони долари, додека Кетрин пак, 105 милиони долари. Очигледно е дека покрај ова богатство, тие 60 милиони кои Кирк ги остави после својата смрт воопшто не му се потребни ниту нему, ниту на неговото семејство.