Се со цел на нашите државјани кои се во странство, да им се излезе во пресрет, пасошите иако истечени ќе имаат важност до крајот на оваа година.
Ова денес го најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој посочи дека ќе бидат извршени законски измени.
Османи посочи дека наши дипломати со мобилни тимови ги сликаат нашинците во странство за да им издадат нови пасоши, со што досега се издадени над 7 000 патни документи, но дека има проблем со македонските држајавни со истечени пасоши што се во Кина.
„Ако мобилните тимови отидат во Кина да ги сликаат 12-те наши државјани, ќе треба да бидат 30 дена во карантин. Затоа најдовме друго решение, Министервото за внатрешни работи да го продложи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да може граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок“, истакна Османи.
Исто така тој вели и дека сака да ги демантира гласините оти има проблеми со замената и издавањето на пасошите на нашите државјани во странство и оти тоа е масовна појава.
„Наједноставен начин е со една законска измена да го продолжиме траењето на нивните пасоши до крајот на годината“, додаде Османи, кој додаде и дека сепак светот е во кризна ситуација со пандемијата со Ковид-19 и мораме да се адаптираме на кризните услови.